петок, 27 декември 2024
Претседателот на Србија со коменгтар

Вучиќ: Коспонзорството за Сребреница е благодарам за сѐ што направивме за Северна Макединија

Претседателот на Србија Александдар Вучиќ коментирајќи го коспонзорството на  Македонија за резолуцијата за геноцидот во Сребреница во ОН, оцени дека „тоа е благодарност за сето она што го направивме за Северна Македонија“.

Фото: Неодамна беа заедно во Скопје

Објавено на

часот

Сподели

„Резолуцијата е германска идеја, поддржана од НАТО и од сите останати. Ја најдоа и Руанда, ги најдоа и Нов Зеланд и Чиле. Пронајдоа и неколку земји кои отсекогаш биле спонзори на вакви проекти, како Малезија и Јордан. Кон нив им се придодава и Северна Македонија, така што таму нема голема филозофија. Потполно е сеедно на чие раководство е таа одлука, станува збор за Северна Македонија, им благодарам за тоа, веројатно сме заслужиле со сето она што го направивме за пријателство со Северна Македонија. Ја видов и Австрија тука, ништо чудно со оглед на сето она што Шаленберг го прави против нашата земја“, изјави Вучиќ во гостувањето во Дневникот на ТВ Пинк.

Тој додаде дека нешто што е во надлежност на Советот за безбедност е преместено во Генералното собрание на ОН.

„Знаеја дека Русите и Кинезите ќе стават вето и затоа сега одат на Генералното собрание на ОН, бидејќи очекуваат сигурно мнозинство и сакаат да им зададат удар на Србите и Србија“, рече Вучиќ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ