сабота, 27 јули 2024

Вучиќ: Колективниот Запад сака со усвојувањето на резолуцијата да ја укине Република Српска

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека Србија „нема никакви шанси“ да го спречи усвојувањето на резолуцијата во Генералното собрание на Обединетите нации за Сребреница.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вучиќ го обвини „колективниот Запад“ дека со усвојувањето на таа резолуција сака да го укине ентитетот Република Српска во Босна и Херцеговина.

Оцени дека следните седум дена ќе бидат „можеби најтешките“ откако ја врши функцијата премиер или претседател на Србија.

„Од неделата навечер, понеделник, ќе бидам во Њујорк каде ќе се борам за вистината знаејќи дека немаме никаква шанса да победиме“, кажа Вучиќ.

Додаде дека очекувал и верувал дека предлог резолуцијата ќе биде повлечена.

„Она што го браниме и што нема да им дадеме да го земат е честа, Република Српска и Република Србија“, кажа Вучиќ.

Резолуцијата за Сребреница на 23 мај ќе биде на дневниот ред на Генералното собрание на Обединетите нации.

Со резолуцијата за Сребреница, која ја предложија Германија и Руанда, се осудува негирање геноцид и се повикуваат сите членки на Обединетите нации да ги „чуваат утврдените факти“, вклучувајќи и преку своето образование, за да се „спречи ревизионизам“.

Со неа 11 јули се прогласува за меѓународен ден на сеќавањето на геноцидот во Сребреница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ