сабота, 27 јули 2024

Вучиќ: Ќе се отвори Пандорината кутија. Од Јасеновац па натаму

Србија се противи на усвојување резолуција за Сребреница и прием на Косово во Советот на Европа и ќе биде тоа неизвесна борба, кажа денес српскиот претседател Александар Вучиќ по враќањето од Њујорк.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Нацрт резолуцијата за „Меѓународен ден за сеќавање и одбележување на геноцидот во Сребреница“ се очекува во текот на мај да се најде на гласање пред Генералното собрание на Обединетите нации. Во нацртот, меѓу другото, се бара осуда на негирањето дека се случил геноцид во Сребреница и величење на осудените за убиство на илјадници бошњачки цивили во мај 1995 година.

Србија се противи на резолуцијата истакнувајќи дека со тоа се наметнува колективна вина на српскиот народ, кој се прогласува за виновник во војната, а другата страна се наметнува како жртва. Белград во ОН пред сè смета на поддршка од Русија и Кина, како и пријателските земји од Африка и Јужна Америка. Русија во 2015 во Советот за безбедност на ОН блокираше усвојување резолуција за Сребреница, предложена од Велика Британија, а поддржана од САД. Сега западните земја сакаат да го заобиколат Советот за безбедност и правото на вето на Русија и Кина со гласање во Генералното собрание.

Вучиќ на конференција за новинарите во Белград кажа дека за време на престојот во седиштето на ОН во Њујорк се сретнал со 22 претседатели и премиери, со шест функционери на ОН како и со претставници на вкупно 111 земји членки на ОН за да спречи резолуција за Сребреница.

Лобирањето против нацрт резолуцијата го оцени како „борба на Давид и Голијат“, истакнувајќи дека се бори за „честа и образот на Србија“. Оцени дека донесувањето на резолуција за Сребреница служи само за барање воена отштета од Србија.

Според него, резолуција за Сребреница ќе ја „отвори Пандорината кутија“, бидејќи ќе следат многу иницијативи за носење резолуции за злосторства во светот, извршени „од Јасеновац па натаму“.

Коментирајќи го очекуваното гласање за прием на Косово во Советот на Европа во мај, Вучиќ кажа дека „сите опции се отворени“, но дека најголеми шанси има Приштина да добие зелено светло.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ