Како што истакна Вучиќ, тоа значи дека 18 април е крајниот рок за формирање нова влада на Србија.
„Ако го сакате тоа, а ако не, тогаш ќе се оди на избори, каде рокот е 45 до 60 дена. Тоа значи дека, ако не се формира влада, изборите би биле на почетокот на јуни, 1 или 8 јуни. пологичнмо е на 8 јуни бидејќи за 1 јуни би кажал дека е напнато“, кажа Вучиќ.
Српскиот премиер Милош Вучевиќ поднесе на крајот на јануари неотповиклива оставка, што повлече и пад на целата влада. Падот на владата се случува во екот на студентските и граѓански протести на кои веќе три месеци се бара одговорност од властите за несреќата во Нови Сад, кога во уривање на стреата на железничката станица загинаа 15 луѓе,