„Сега однапред ви кажувам – ќе има илјадници тужби против училиштата, наставниците во училиштата. Видов дека се ангажирани големи, важни адвокатски тимови кои тоа го работат. И сега родителите ќе им се јават на адвокатите и ќе бараат пари да заработат и да земат некаков вид и морална и материјална отштета. Што тогаш ние ќе правиме? Кој ќе го плати тоа?“, праша Вучиќ.
Тој предупреди дека во урбаните средини наставниците не им кажувале на родителите дека можат да ги пратат децата во училиште, туку самите чекале инспекција за да кажат дека нема ученици во школите.
„Како и да свртите, како што тоа е и на факултетите секогаш е масло на професорите. Само тоа да го имате предвид. Без нив, тоа не може да се спроведе во дело“, оцени Вучиќ. Порача дека е срамота тоа што тие луѓе „примаат огромни плати, а студентите не ги учат ништо“.
Повтори дека уште во декември порачал на студентите да им се исполнат сите барања. „На многу луѓе им се чини дека тоа е прилика за спроведување обоена револуција“, наведе српскиот претседател.
Многу училишта во Србија вчера второто полугодие го почнаа со прекин на работата во знак на поддршка со студентските блокади на факултетите кои траат од ноември минатата година поради трагедијата со уривањето на стреата на новосадската железничка станица.