сабота, 27 јули 2024

Вучиќ: Ќе им се спротивставиме на сите земји од НАТО поради резолуцијата за Сребреница

Претседателот на Србија Александар Вучиќ ги критикуваше постапките на земјите кои ја иницираа резолуцијата за геноцид во Сребреница, истакнувајќи дека разговарал со претседавачот на Генералното собрание на Обединетите нации и дека ќе испрати специјален претставник кај него кој ќе бара да се разгледаат сите кршења на процедурата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Обврска е со прашањата за Босна и Херцеговина да се бави Советот за безбедност на ОН, бидејќи и понатаму е нестабилен регион, бидејќи таму уште има меѓународни сили и висок претставник, а сега сакаат гласањето да го префрлат во Генералното собрание. Прекршија и друга работа – од двете третини потребни за усвојување декларација, дојдоа до тоа дека станува збор за обично одбележување и култура на сеќавање каде е потребно просто мнозинство“, кажа Вучиќ.

Тој им постави неколку прашања на земјите од НАТО за кои кажа дека се спонзори на оваа резолуција.

„Моето прашање до нив е зошто баш сега, кога немате ни округла годишнина. Знаат дека следната година ќе имаат помалку влади кои тоа ќе го поддржат. Нема повеќе да им служат како што им служат сега. Моето второ прашање е дали оваа резолуција уште повеќе ќе ги подели народите и земјите во светот? Резолуцијата за холокаустот или геноцидот беше фокусирана на Евреите, и тоа секогаш беше едногласно усвојувано. Навистина мислите дека и сега ќе биде така? Република Српска не е дел од ОН, Република Српска не ја слушаат ни во БиХ и Србија самата со политички средства ќе им се спротивстави на сите НАТО земји од Турција до Германија со тоа што знаеме дека шансите ни се минимални, но ќе се бориме до последен момент и за секој глас“, истакна српскиот претседател.

На западните земји им порача дека, ако ја усвојат резолуцијата, на тој ден ќе видат колку се горди Србите и дека нема да бидат зауздани.

„Тој ден ќе ги повикаме сите Срби каде и да живеат, на секое место ќе ги истакнеме своите национални обележја, ден откако ќе нè прогласат за геноциден народ. Ден подоцна ќе ја истакнеме нашата тробојка и ќе покажеме дека Србија и српскиот народ никогаш нема да можат да ја урнат“, кажа Вучиќ и додаде дека Србија ја чека тежок период, а дека гласањето се планира за 2 мај.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ