среда, 23 октомври 2024

Вучиќ ја обвини официјална Подгорица дека сака да ѝ наштети на економијата на Србија

Претседателот на Србија Александар Вучиќ кажа дека ги разбира земјите во регионот, меѓу кои ја истакна Црна Гора и „официјална Подгорица“ дека сакаат „да страда економијата“ на Србија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој кажа дека не го разбира тоа што луѓето кои живеат во „таа земја сакаат да ја уништат економијата на Србија“.

„Кои се луѓето кои сакаат нашата економија да страда? Ги разбирам овие во регионот, го разбирам одушевувањето во Приштина од протестите. Ги разбирам директните преноси во медиумите на (косовскиот премиер Аљбин) Курти, ја разбирам фасцинацијата, одушевувањето, заканите. Јас ја разбирам нивната желба на Србија да ѝ биде полошо, немам никаков проблем со тоа. јас мислам дека секој човек кога ќе слушне и прочита што се зборува во Приштина, Загреб, Сараево и Подгорица му е јасно на која страна треба да биде. Само не ми е јасно зошто овие луѓе кои живеат во оваа земја сакаат да ѝ наштетат на економијата на Србија. Бидејќи тоа им е намерата“, оцени Вучиќ.

Тој на конференција за медиумите по повод протестот против ископувањето литиум кажа дека митингот изминал во демократска атмосфера, но кога собирот завршил дошло до заземање на пругата, прекинување на сообраќајот на клучката Газела.

Тој истакна дека упатувале повик на разговори.

„Повикувавме на разговори, повикуваше претседателката на собранието, не сакаа да дојдат на нив. Ги повикавме претставниците на различните организации и здруженија, најчесто платени однадвор, а и оние другите, но никој не сакаше да разговара. Мислеа дека разговорот е закана, уништување на српската економија, српските пруги и сè останато. Кога нешто не ви се допаѓа, тоа го решавате со разговор“, кажа Вучиќ.

Српскиот претседател кажа дека полицијата спровела интервенција без „минимална употреба на физичка сила“.

„Им честитам на припадниците на Безбедносно-информативната агенција и на сите безбедносни сили на професионализмот, трпението, почитувањето на правата на оние кои не ги почитуваа правата на другите луѓе, спротивно од она што се случува во други земји од светот. Поинаку би се однесувале оние кои тоа го прават во сите западни земји“, кажа српскиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ