сабота, 27 јули 2024
Претседателот на Србија на средба со грчкиот премиер

Вучиќ и Мицотакис договoрија завршување на брзата пруга, останува делницата низ Македонија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Грција, Киријакис Мицотакис денеска во Белград, меѓу другото, разговараа и за завршување на брзата пруга меѓу двете држави, но која треба да мине и низ Македонија. Работите се одвиваат добро и според планот, рече Вучиќ, а тоа од грчка страна го потврди и Мицотакис. Вучиќ рече дека на Србија ѝ е потребна пруга до Солунското пристаниште и рече дека земјата е подготвена да купи капацитети и во Солун и во  пристаништето во Пиреј.

Објавено на

часот

Сподели

„Србија под покровителство на ЕУ ја гради брзата пруга Белград-Ниш, реконструкцијата на делницата кон Брестовац штотуку се завршува и ќе завршуваме се до границата со Северна Македонија. Премеирот Мицотакис ме информираше дека Грција работи и ќе ја заврши брзата пруга до Игуменица и до границата со Северна Македонија и за овој проект нашите министри имаа добри разговори“, изјави Вучиќ.

Тој додаде дека ова е важно поради тоа што Србија треба да има пристаниште поради извозот кој се зголемува, да ги користи капацитетите на Солун и Пиреј и да купи дел од пристаништата.

„Ние пари имаме, парите не се проблем, проблем ни се капацитетите“, нагласи Вучиќ и додаде дека српската економија е најсилна во Западен Балкан и дека натаму забрзано јакне.

Мицотакис посочи дека со претседателот на Србија разговарал за модернизација на пругата што ги поврзува Солун и Белград, како и за довршување на коридорот што ќе почнува од Пиреј, а ќе завршува во Будимпешта.

„Тоа е од стратешко значење не само за нашата земја, туку и за цела Југоисточна Европа. Во оваа смисла мора да ги искористиме и европските фондови кои се наменети за Западен Балкан. Во таа смисла, Грција го поттикнува практичното учество на ЕУ во развојот на инфраструктурата на Србија и на сите други земји на полуостровот“, нагласи Мицотакис.

Премиерот на Грција посочи дека соработката меѓу Грција и Србија се протега и на енергетскиот сектор, безбедноста и диверзификацијата на снабдувањето, и додаде да „го поддржува вертикалниот транспорт на гас од југ кон север и обратно“.

Претседателот Вучиќ рече дека с

Вучиќ истакна дека со Мицотакис разговарал и за европскиот пат и дека „разбира дека во Европа не се секогаш задоволни со сите наши потези, но и дека во Европа мора да разберат дека и ние очекуваме јасни сигнали за поддршка на Србија на нејзиниот пат“.

Грчкиот премиер кажа дека заедничката билатерална соработка меѓу Србија и Грција има стратешки карактер и ја повтори подршката за територијалниот интегритет на Србија и непризнавањето на Косово, како и приклучувањето на целиот Западен Балкан во ЕУ кое за Грција има стратешко значење и цел.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ