сабота, 27 јули 2024

Вучиќ го прогласи српскиот министер за одбрана за мандатор за состав на новата влада

Српскиот претседател Александар Вучиќ во саботата предложи мандатар за состав на новата влада да биде претседателот на Српската напредна партија (СНС) и актуелен министер за одбрана Милош Вучевиќ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вучиќ на својот Инстаграм профил напиша дека ги слушнал мислењата на претставниците на изборните листи избрани на изборите во декември и донел одлука за „предлог кандидат за премиер на Република Србија“.

„На Народното собрание на Република Србија му го предлагам Милош Вучевиќ како кандидат за премиер на Република Србија“, најави Вучиќ.

Вучевиќ беше избран за претседател на СНС минатата година откако Вучиќ се повлече од таа функција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ