среда, 18 декември 2024

Вучиќ ги повика Србите да се приклучат во војската

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера ги повика своите сограѓани да ѝ се приклучат на војската на Србија, наведувајќи дека платите во војската сега се особено високи, пренесува Телеграф.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој на владината седница рече дека е неопходно да се продолжи со донесувањето на војници, бидејќи се обезбедени многу пари за со повисоки примања граѓаните да се мотивираат да се приклучат на тенковските единици, извидниците и другите единици во кои има проблем на недостаток на луѓе.

Тој истакна дека постои проблем што момчињата се откажуваат бидејќи не смеат да користат мобилни телефони во периодот од 21 до 07 часот. „Едноставно живееме во такви времиња во кои сите сме разгалени, каде што никој не е навикнат на напорна работа“, изјави тој.

Тој особено им се заблагодари на припадниците на Безбедносно-информативната агенција (БИА), но и на припадниците на полицијата кои, како што нагласи, секојдневно трпат терор на секое место низ Србија.

„Им благодарам за трпението, професионализмот и сакам во името на сите нас да им искажам едно големо извинување, што треба да трпите секакви гадости и напади од вадење визир, земање на опрема, најсериозни можни навреди, физички напади, и се друго“, рече тој. Вучиќ побара од нив да продолжат да се однесуваат професионално, сериозно и одговорно.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ