петок, 21 март 2025

Вучиќ: Еден инцидент во БиХ и сите ќе имаме проблем

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави денес во Брисел, по состанокот со европските функционери, дека, меѓу другото, разговарале и за ситуацијата во регионот и дека двете страни го истакнале огромното значење на ситуацијата во Босна и Херцеговина за целиот регион, пренесува Танјуг.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Се согласивме дека зачувувањето на мирот и стабилноста е од пресудно значење за сите нас на Балканот и се договоривме заеднички да работиме на тоа. се договоривме дури и да преземеме одредени акции на смирување од време на време и да се бориме за мир на Балканот бидејќи тоа е од интерес, нормално, за Србија, но и од огромен интерес за Европската Унија и за Европа во целина“.

Вучиќ требаше да има состанок со генералниот секретар на НАТО Марк Руте. Тој претходно изјави дека ќе разговара за билатералната соработка на Србија и НАТО, однесувањето и односот на Кфор и НАТО на Косово, но и за ситуацијата во БиХ.

„Со НАТО имаме сега безброј теми. И не знам дали тие саат или два, колку што трае вечерата, ќе ни бидат доволни за да ги поминеме сите теми“, кажа Вучиќ.

Тој истакна дека не знае дали е доволно јасно колку е комплицирана ситуацијата во БиХ.

„Сите сакаме тоа да го избегнеме, а еден инцидент би бил доволен за сите да имаме проблем и само се обидуваме да спречиме тоа да се случи. И затоа ми е важно што вечерва ќе разговарам со Марк Руте. Морам да признаам дека тој за време на својата посета на БиХ беше многу коректен кон Србија“, кажа Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ