вторник, 7 јануари 2025

Вучиќ: Америка ни воведува санкции, ќе разговарам со Путин

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека Соединетите Американски Држави ќе ѝ воведат директни санкции на Нафтената индустрија на Србија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На седница на српската влада Вучиќ кажа дека тоа ги доведува во тешка позиција.

„Ни следат проблеми и со Рафинеријата, и со Петрохемија, и со другите гиганти, суштински со опстанокот на економијата“, кажа Вучиќ.

Наведе дека се поставува прашањето зошто САД ги воведуваат санкциите сега и дека тие ќе кажат дека тие се насочени против Русите и финансирањето на нивната војна, но дека тоа не е така.

„Дали тоа е обид за дестабилизирање на нашата земја, нема никого да обвинувам, но тоа секако ја доведува нашата земја во тешка позиција“, кажа Вучиќ.

Додаде дека ќе разговара со американскиот амбасадор Кристофер Хил и дека претходно разговарал со американскиот секретар за економски раст, енергетика и животна средина Хозе Фернандез.

Кажа дека ќе има 30 дена за да се согледа ситуацијата, до 15 февруари мора да се донесе одлука, а дека 15 март е рокот сè да се реши.

Од српската влада побара да се формираат два тима, еден за гасниот аранжман и втор кој се однесува на НИС.

Вучиќ кажа дека ќе бара разговор со рускиот претседател Владимир Путин околу 25 јануари, по разговорот кој го очекува со новата американска администрација.

„Последната опција мора да биде непријателско преземање, а знам дека повеќе од половина влада е за тоа“, кажа Вучиќ и додаде дека тоа во моменталната геополитичка ситуација би донело безброј проблеми и нестабилност за Србија.

НИС од 2008 година е во мнозинска сопственост на руската државна корпорација Газпром нефт и нејзиниот сопственик Газпром.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ