петок, 26 јули 2024

Вучиќ: Амандманите на Црна Гора се одвратна игра и перфиден трик

Претседателот на Србија Александар Вучиќ кажа дека амандманите кои Црна Гора ги поднесе на резолуцијата за Сребреница се одвратна игра и перфиден трик.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Она што е сигурно е дека ќе се бориме. Тоа ви го гарантирам. Знам колкава е силата која се заканува и колку се силни и дека ќе дадеме сè од себе“, кажа Вучиќ.

Додаде дека совеста ќе му биде чиста.

Истакна дека постојат регионални платформи кои сакаат да ја урнат Србија, и дека е горд кога е во негативен контекст на нивните насловни страници.

Зборувајќи за амандманите на Црна Гора на резолуцијата, Вучиќ смета дека тие треба на Србија „да ѝ ја затворат устата“.

„Некакво тропање за единството на различностите е едниот, а друго е дека постои индивидуална одговорност. Па што ќе ви е тогаш резолуција бидејќи индивидуална кривична одговорност имаме? Па што правите? Станува збор за трик“, кажа Вучиќ.

„Погледнете ја таа доза безобѕирност на нивните медиуми дека Србија се изживува на Црна Гора. Ние сме тие кои вршиме агресија во регионот, тоа е лудачки инверзно однесување, тие лаги… Во четврток вечер ќе знаеме кои ни се вистински пријатели во светот, ќе знаеме дека секој кој не гласал ни е пријател, а за останатите добро ќе знаеме дека не ни се пријатели“, кажа Вучиќ.

Наведе дека со ниеден резултат нема да биде среќен, но дека „ќе биде горд на нашата борба“.

„Уверен сум дека граѓаните на Србија ќе бидат горди“, заклучи српскиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ