сабота, 27 јули 2024

Вучиќ ѝ одговори на американската амбасада во БиХ за Република Српска

По соопштението на амбасадата на Соединетите Американски Држави во Сараево дека заклучоците на Сесрпскиот собир во Белград е „напад врз Дејтонскиот договор“, на социјалните мрежи се огласи претседателот на Србија Александар Вучиќ и најави одговор.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Американската амбасада во Сараево го кажа своето. Утре ќе добие одговор. За првпат како претседател на Србија ќе им поставам прашања, и верувајте дека одговор нема да имаат, иако се однесуваат токму на Дејтонскиот договор. Проблемот е во тоа што тие не се навикнати да постојат независни и суверени земји, како ни лидери кои не сакаат да им се додворуваат, туку да ги бранат интересите на својот народ. Ќе биде интересен ден, а малку ми фалеше да помислам дека се паметни во американската амбасада во БиХ за да не го коментираат собирот и да не се посрамат. Вака, следува одговор. Постои една мала земја на ридестиот Балкан…“, порача Вучиќ на Инстаграм.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ