сабота, 27 јули 2024

Вучиќ за воведувањето санкции на Русија: „Засега не постои таква можност“

Објавено на

часот

Сподели

Зборувајќи за тоа што барале од него, српскиот претседател кажа дека тоа не оди така лесно.

„Тие зборуваат што е нивната идеја и што тие очекуваат, а што ќе бараат, тоа е како да дојдат и да кажат – ајде воведи санкции и фино излези надвор. Како да го побараат тоа: Не оди тоа баш така. Тоа можеше кога Србија не беше држава“, кажа Вучиќ.

На прашањето дали постои можност Србија да ѝ воведе санкции на Русија, тој кажа дека засега не постои таква можност.

„Што ќе биде во иднина, јас не знам што носи животот и како сè ќе изгледа. Јас не сум од оние што се колнат па не исполнуваат нешто, јас повеќе сакам да не се колнам, а да направам нешто. Секогаш тој пристап бил многу подобар и секогаш на тој пристап повеќе сум му верувал отколку на оние кои се колнат во сè на светот, веднаш знам дека ќе направат поинаку“, кажа Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ