сабота, 27 јули 2024

Вучиќ воочи средбата со Курти: Против Србија се сите големи на Западот

Објавено на

часот

Сподели

Вучиќ и Курти денеска во 18 часот треба да се сретнат со шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел и со специјалниот претставник на ЕУ за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак, соопшти Европската служба за заеднички прашања.

„Ќе биде тешко. Против нас се сите големи на Запад. Сепак, на наша страна се правото и правдата. Уште поважно од тоа, тие не разбираат колку е силна љубовта кон слободата и колку силно и цврсто можете да ја чувате и покрај сите притисоци. Да живее Србија“, објави Вучиќ на Инстаграм.

Вучиќ го обвини Курти дека неколку дена води брутална и валкана кампања против Србија. Наведе дека кон неа се приклучиле и некои политичари и аналитичари.

„Тие ѝ се закануваат на Србија, нѐ потсетуваат на некои стари времиња, зборуваат за својата борба за слобода, заборавајќи дека Србите се бореле за слобода не само против терористите, туку и против НАТО агресорите. И како што рече Курти, пролеаната крв не се враќа. Пролеаната крв за слободата не може да се врати и не смее да се заборави… Тоа ќе го имам предвид вечерва“, рече претседателот на Србија.

На средбата во Брисел ќе се разговара за Договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија, за кој Вучиќ и Курти постигнаа согласност на 18 март во Охрид.

Се очекува на средбата меѓу Косово и Србија да биде усвоена Декларацијата за исчезнати лица, која ќе биде прва точка на дневниот ред. Потоа ќе следи презентација и дискусија за првиот Нацрт-статут на Заедницата на општини со српско мнозинство на Косово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ