петок, 18 октомври 2024

Вучиќ: Успеавме да го спасиме образот во односите со Русија

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека односите меѓу Србија и Русија се „многу добри, но дека секогаш може повеќе“, оценувајќи дека Белград и во тешки услови успеал да го сочува образот без да го наруши „традиционалното пријателство и братство“ на двете земји и народи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вучиќ денеска, без вообичаеното официјално соопштение, ја посети Руската куќа во Белград, која е центар на културни настани и манифестации на Русија во Србија.

„Убеден сум дека во иднина ќе имаме сила да изградиме уште подобри односи“, напиша Вучиќ во книгата на впечатоци.

Во тешки услови успеавме да не го погазиме својот образ, рече Вучиќ, посочувајќи дека Србите и Русите имаат „традиционално пријателство и братство“.

Запрашан да ја коментира изјавата на шефот на британската дипломатија Дејвид Камерон, кој го нарече „руски прокси“, Вучиќ рече дека е разочаран од таа изјава и дека Србија е суверена и независна земја и дека тој не е „ничиј прокси“, ниту руски ниту американски.

Тој додаде дека е разочаран и од изјавата дека Србија ќе го дестабилизира регионот.

„Очигледно е дека на многумина им пречите кога имате своја политика и кога таа политика не е послушна. Ние ќе имаме своја независна политика, дури и кон Руската Федерација“, рече Вучиќ.

Србија упорно избегнува да се приклучи на меѓународните санкции против Русија по нејзината инвазија на Украина, иако ги поддржа декларациите и резолуциите во ОН кои го нагласуваат територијалниот суверенитет и интегритет на земјата.

Амбасадорот на Русија во Белград, Александар Боцан Харченко, истакна дека руската страна е задоволна од соработката, истакнувајќи дека има напредок во 2023 година.

„Ќе продолжиме понатаму, нема никакви пречки“, изјави Боцан Харченко. Русија, додаде тој, никогаш не бара партнерските земји, па дури и братските земји како Србија, да се претворат во проруска земја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ