сабота, 27 јули 2024

Вучиќ стигна во Пекинг

Претседателот на Србија Александар Вучиќ стигна денес во Пекинг почнувајќи ја официјалната посета на Кина.

Објавено на

часот

Сподели

Вучиќ ја предводи српската делегација која е сочинета од бројни министри на српската влада – министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ, министерот за одбрана  Милош Вучевиќ, министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ, министерот за финансии Синиша Мали, министерот за трговија Томислав Момировиќ, министерката за култура Маја Гојковиќ, министерката за земјоделство Јелена Танасковиќ, министерот за информациски технологии Михаило Јовановиќ и директорот на Телеком на Србија Владимир Лучиќ.

Вучиќ и српската делегација ќе учествуваат на форумот „Појас и пат“ а по тој повод српскиот претседател изјави дека посетата на Кина е многу важна во моменти кои не се нималку лесни.

Тој најави важни средби и потпишување важни договори со Кина, но и билатерални средби со претседателот на Кина Си Џинпинг и Ван Ху Нинг, „кинескиот Кисинџер“.

„Ќе потпишеме документи за севкупна соработка, слободна трговија, што е особено значајно за нашата земја. Тоа се темелни договори, а ќе има важни сообраќајни и инфраструктурни договори“, кажа Вучиќ

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ