сабота, 19 октомври 2024

Вучиќ: Србија не извезувала оружје на Украина и нема да извезува муниција ни на Киев ни на Москва

Објавено на

часот

Сподели

Вучиќ за новинарите во Рашка кажа дека за извоз на оружје во Украина го обвинуваат опозициски политичари со „беден и расипан“ пристап, со цел „да ја уништат позицијата на земјата“.

„Не постои ниту еден документ кој нешто такво би покажал“, кажа Вучиќ.

Додаде дека е „сосема извесно“ дека српската муниција ќе се појави „на едната или другата страна на боиштето“ во Украина, иако е извезена во Турција. Шпанија или Чешка.

Вучиќ кажа дека српските фабрики за наменска индустрија имаат стотици милиони евра вредни договори за извоз на оружје и муниција, како и дека нема да се откажат од тоа.

„Ќе продолжиме да вложуваме во производството и во фабриките и ќе продолжиме да извезуваме таму каде што е дозволено. Една граната виделе )во Украина), еден куршум. Па што, а каде да се појават, има неколку воени подрачја во светот. Муницијата се користи во војни за убивање луѓе“, кажа Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ