„Се вооружуваат и тука во регионот. А наше е да не заостануваме. И сè што можам да кажам е дека не заостануваме. Наскоро ќе можете да го видите тоа. Само ќе ве известам за точниот датум“, кажа српскиот претседател.
Вучиќ додаде дека новинари од Косово ги прашале Американците што мислат за најавеното враќање на задолжителниот воен рок во Србија, а дека Американците им одговориле дека внимателно ја следат ситуацијата.
„И јас внимателно следам што се случува секаде во светот. И во Америка, и во Англија, и во Франција, и во Германија и во Шведска. Секаде внимателно следиме. Сите се вооружуваат до заби. Логично, зошто Франција не би се вооружувала?“, заклучи српскиот претседател.