сабота, 27 јули 2024

Вучиќ прогласи победа на изборите во Србија, Дачиќ понуди оставка

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа објави дека коалицијата „Србија не смее да запре“, предводена од неговата Српска напредна странка, на изборите освоила апсолутна победа на републичко и на покраинско ниво, а очекува да ја формира власта и во Белград.

Објавено на

часот

Сподели

Во првото обраќање по затворањето на гласачките места, Вучиќ рече дека врз основа на 76 проценти преброени гласови, без резултатите од Косово и Метохија, неговата листа сигурно ќе има повеќе од 127 мандати и апсолутно мнозинство во Парламентот на Србија.

На изборите за Собранието на Војводина, Вучиќ кажа дека „Србија не смее да запре“ ќе освои меѓу 67 и 69 пратенички места, а заедно со нивниот традиционален партнер Сојузот на војвоѓанските Унгарци и со СПС, може да се достиге бројката од 84 пратници.

Што се однесува до Белград, тој рече дека мнозинството за формирање на градската власт ќе зависи од Бранимир Несторовиќ, но оти е сигурен дека градоначалник повторно ќе биде Александар Шапиќ.

Лидерот на Социјалистичката партија на Србија (СПС), Ивица Дачиќ, пак, изјави дека не е задоволен од изборните резултатите и дека, според негово лично мислење, треба да се најде нов лидер на СПС.

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ понуди оставка на претседателот и премиерот на Србија, доколку, како што рече, некој верува дека со изјавата дека Србија ќе ги брани Србите на Косово, ги загрозил националните и државните интереси.

„Реков дека Србија не може мирно да гледа дали (косовскиот премиер Хашим) Тачи изврши вооружен напад на северот на Косово“. Што кажав погрешно?“, праша Дачиќ. Тој потсети дека некои политичари од Србија го обвинуваат за „предизвикување војна“.

х

ЦеСИД/ИПСОС, врз основа на 80,2 отсто преброен гласови, соопшти дека листата „Александар Вучиќ – Србија не смее да запре“ освоила 46,4 отсто од гласовите или 129 мандати.

На второ место е „Србија против насилството“ со 23,3 отсто или 64 мандати.

Третата позиција ја зазема коалицијата на СПС со 6,7 отсто или 18 мандати.

Коалицијата НАДА освои 4,8 отсто или 13 мандати.

Според овие проекции, над цензусот е и листата „Д-р Бранимир Несторовиќ – ние – гласот на народот“ со 4,8 отсто од гласовите, односно 13 мандати.

Од малцинските листи, Сојузот на војвоѓанските Унгарци се очекува да има шест мандати, коалицијата на Партијата за правда и помирување и Демократскиот сојуз на Хрватите во Војводина три мандати, СДА Сулејман Угљанин два мандата и по еден листата на Шаип Камбери и Руската партија.

Oпозициската коалиција Србија против насилството соопшти дека не можат да ги прифатат изборните резултати и на државно ниво и во градот Белград „онака како што ги соопшти претседателот на Србија, Александар Вучиќ“ и ќе бараат од РИК да им се достават „физичките записници од лице место“, обвинувајќи притоа за „невидено изборно насилство“.

Мирослав Алексиќ, носител на листата Србија против насилство изјави дека денеска биле сведоци на „невидено изборно насилство. Денеска видовме нешто што не беше пракса, луѓето кои не живеат во Белград беа донесени да гласаат како да се белграѓани“.

Тој додаде дека во Белград биле пребројани мал број гласови. „Сигурно е дека во овој момент не станува збор дека СНС победил во Белград. Според нашите проценки, во Белград се издадени 40.000 лични карти на луѓе кои не живеат овде. И покрај тоа, СНС и ние сме донекаде еднакви, но најголемите избирачки места се уште не се преброени“, рече тој.

„Сосема е јасно дека во Белград опозициските партии добија повеќе гласови од партиите кои досега ја претставуваа власта во главниот град, изјави претседателот на Партијата на слободата и правдата“, Драган Ѓилас.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ