сабота, 19 октомври 2024

Вучиќ: Побарав од владата воведување смртна казна. Ме одбија

Објавено на

часот

Сподели

„Утринава ѝ предложив на премиерката да ја вратиме смртната казна, но таа и владата се против, бидејќи ќе бидеме единствените во Европа, заедно со Белорусија, кои имаат смртна казна. И претпоставувам дека според некои прописи не го смееме тоа. И јас некогаш бев против смртната казна, но горко се каам затоа што имав таков став“, рече Вучиќ, кој неколкупати во текот на обраќањето ги нарече убијците монструми и им порача дека никогаш повторно нема да ја видат светлината на денот. „Нема да излезат од затвор“, додаде тој.

Во Србија максималната казна за тешко убиство според сегашните прописи е 40 години затвор.

„Ќе извршиме речиси целосно разоружување на Србија, а казните за нелегално поседување оружје ќе бидат големи, речиси ќе ги удвоиме“, рече Вучиќ.

Мерките вклучуваат проверка на сопствениците на оружје, дозволи за поседување, носење и видови оружје.

„Сите што имаат оружје, не зборувам за ловечко оружје, тоа се околу 400.000 луѓе – ќе се подложат на ревизија, нема да останат повеќе од 30 до 40.000 парчиња“, нагласи Вучиќ.

Ќе има шестмесечни и годишни проверки, заедно со психијатриски и психолошки прегледи, рече претседателот на Србија и како обврска најави воведување на тестирање на психоактивни супстанци за сопствениците на оружје.

Вучиќ изјави дека утринава ѝ предложил на владата да се врати смртната казна во законодавството, но дека биле против бидејќи Србија ќе биде една од ретките земји што ќе ја има оваа санкција во законодавството.

Српскиот претседател исто така најави дека по двата последователни настани на масовни убиства во земјата, ќе бидат ангажирани нови 1.200 полицајци за подобрување на безбедноста во српските училишта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ