сабота, 27 јули 2024

Вучиќ од Давос: Побарав да го сопрат обидот на Курти да го уништи дијалогот

Претседателот на Србија Александар Вучиќ се обрати од Давос, каде присуствува на Светскиот економски форум.

ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој изјави дека денес во швајцарскиот скијачки центар имал бројни разговори, од кои како најважен го издвои разговорот со специјалниот претставник на Европската Унија за дијалогот на Белград и Приштина Мирослав Лајчак.

Тој на новинарите им кажа дека на Лајчак му укажал дека косовскиот премиер Аљбин Курти сака да ја прекине исплатата на платите и пензиите за Србите на Косово и Метохија, што би значело уште поголемо заминување на локалните Срби од таму.

„Побарав поддршка за на нашите луѓе да им се овозможи да живеат на своите огништа“, кажа Вучиќ.

„Се надевам дека заминувањето на Србите од Косово и Метохија не е во интерес, не само на Европа, туку и на светот. Треба да им се овозможи да живеат во своите куќи, во согласност со принципите потпишани во 2015, кои ги потпишавме и во согласност со новиот план за Заедница на српски општини. Ако некој сака и тоа да го урне, што им останува на Србите?“, наведе српскиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ