сабота, 27 јули 2024

Вучиќ: Нивната цел е ние да го признаеме Косово

Претседателот на Србија Александар Вучиќ синоќа ѝ се обрати на јавноста. Тој се осврна на разговорот со „западната петка“ (САД, ЕУ, Франција, Германија и Италија), кажувајќи дека разговорот бил тежок, но дека нема лесни теми за Србија во тој контекст.

Објавено на

часот

Сподели

Истакна дека не може да зборува за деталите на разговорот.

„Се разбира дека сè околу Косово и Метохија за нас е исклучително тешко. Луѓето мислат дека сето ова е само поради Бањска, но не е. Тоа само тактички беше ужасно за нас и носи одредени последици, но во стратегиска смисла, нивната единствена цел е ние да го признаеме Косово“, кажа Вучиќ.

Истакна дека верува дека ќе успеат да најдат „некаков излез“ и дека Србија ќе продолжи со успесите во економијата, изградбата на инфраструктурата, но и да ја зачува „сржта на националните интереси“.

„Јас не би да зборувам за притисоците, тие имаат своја политика. Нивното гледање е сосема спротивно од нашето, нема тука голема филозофија. Кога ќе прашате за правните норми, толку полошо за правните норми. За нив Косово е независна држава, врз основа на нивна одлука. На никој не му е гајле за меѓународните правни акти“, кажа српскиот претседател.

Најави дека во четврток и петок ќе оди во Брисел, и дека ќе се избори со сите пречки кои се поставуваат пред Србија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ