недела, 20 октомври 2024

Вучиќ: Ни малиот ни големиот монструм нема да избегаат никаде ниту некогаш да излезат

Објавено на

часот

Сподели

Полицијата денес го уапси осомничениот за нападот во кој во околината на Младеновац кај Белград беа убиени најмалку осум лица.

Пукањето се случи на 4 мај доцна ноќта во селата Дубона, Мало Орашје и Шепшин кај Младеновац.

„Синоќешниот напад беше терористички напад, акт во кој нашите Специјални антитерористички единици (САЈ) имаа задача да го уапсат или неутрализираат терористот“, им кажа Вучиќ на новинарите.

Српскиот претседател по второто масовно убиство во Србија, кое се случи два дена откако 13-годишниот ученик на основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград уби осум ученици и еден работник на обезбедувањето, наведе дека „злосторникот од Младеновац“ е уапсен и дека „тие монструми нема да побегнат никаде и нема да излезат никогаш“.

„Правда ќе има. Ниту оној мал монструм, ниту овој малку поголем монструм, само по години. Ќе излезе дека се мешам во правосудството… Е не, туку ќе убивате деца, а ќе се шетате за два дена“, кажа Вучиќ.

„Обединети сме во болката и тагата“, порача српскиот претседател.

Им се заблагодари на сите единици кои во текот на ноќта го гонеле убиецот, како и на таксист од Крагуевац кој „покажал дека е чесен човек, за разлика од некои кои знаеле каде се наоѓа убиецот а не пријавиле“.

„Инаку ќе бил приведен и порано. И тие нормално ќе бидат повикани на одговорност“, кажа Вучиќ.

Тој најави дека во следните две недели ќе се засили присуството на органите на редот на улиците на поголемите градови, но ги отфрли тврдењата дека за решавање на моменталната безбедносна ситуација е потребно да се прогласи вонредна состојба.

На конференцијата за новинари Вучиќ кажа дека вонредна состојба не е потребна бидејќи државата има право да дејствува во секоја ситуација во која ќе се појави некој терорист кој ја загрозува безбедноста на граѓаните.

Тој, меѓутоа, истакна дека граѓаните на улиците ќе гледаат повеќе припадници на органите на редот во следните две недели бидејќи американски истражувања покажале дека тоа е период кој е особено ризичен и во кој може да се повторат некои големи инциденти.

„Потоа ќе се вратиме на нормалниот живот, не заборавајќи ги страшните жртви кои ги поднесовме“, кажа тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ