„Верувајте дека кога игра вашата маkедонска репрезентација, вие имате уште повеќе навивачи и тоа само малку посеверно од вас. Со сето срце навиваме за вас и ние сме со вас и со сето она што Македонците го носат со себе. Нашите односи мора да го поставиме на рационални нозе. И ние и вие сме на европскиот пат и имаме високи цели. Верувам дека ние, Србија, за само 15 години бруто домашниот производ тројно ќе ги зголемиме на 100 милијарди евра. Тоа ќе можеме да го направиме и со ваша помош. На ЕКСПО 2027 во Белград. Ве повикувам Македонија да го има најголемиот штанд на ЕКСПО. И заедно да настапиме. Но ниикогаш нема да ве убедуваме, па ние не сме голема сила. Ние само ќе ве замолиме на добра и уште подобра и пријателска соработка. Време е заедно со нашите Срби овде, да воскликнеме – да живее Србија“, рече на крајот претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Претходно, Вучиќ го именуваше и кошаркарот Перо Антиќ, за кого рече дека не е ниту професор, ниту е претседател, но е цврст како карпа.
Тој е секогаш со нас и со српскиот и со македонскиот народ, рече претседателот на Србија, повикувајќи да се поздрави прославениот ас.
„Србија е на европскиот пат, но избра да не биде ничив поданик, ние сме воено неутрална земја и нема да дозволиме некој друг да го чува нашето небо“, рече Вучиќ.
Светосавската академија ја отвори претседателот на Демократската партија на Србите, Иван Стоиљковиќ.
На Свечената академија присутни се претседателот Стево Пендаровски, премиерот во оставка Димитар Ковачевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и други политичари, пратеници, дипломати и претставници на етничките заедници.
П.Џ.