сабота, 22 јуни 2024

Вучиќ: Нема да дозволиме погром на српскиот народ (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

„Со месеци зборуваме дека Аљбин Курти има само една желба, да предизвика судири, да го доведе до крвопролевање целиот регион. Малку кој сакаше да ја слушне вистината и да ја разбере суштината. Во последните три дена и политички неписмениот можеше да разбере што беше подготвувано за денес, поради желбата на Курти да дојде до голем судир меѓу Србите и НАТО, а тој да ги мие своите раце и да зборува дека нема врска со него“, наведе Вучиќ.

Србите на северот на Косово се собраа утринава во 7 часот пред општините во Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ за да го искажат незадоволството од упадот на албанските полицајци во српските згради, а нив ги дочекаа војници и барикади, а војниците на Кфор иако даваа гаранции, не го спречија тоа.

„И покрај гаранциите не ги заштитија Србите и не го спречија нелегалното и насилно преземање на општините, како и насилството на кое Србите беа изложени, иако за тоа повеќе пати даваа гаранции. Градоначалниците кои ги избра Курти отидоа на состанок кај американскиот амбасадор, кој требаше да им забрани на градоначалниците на Курти воопшто да се појавуваат на северот“, кажа српскиот претседател.

„Припадниците на косовските специјални сили РОСУ пукаа со снајпери. Во тој момент почна одговорот на Србите со камења. На повеќе места се сликани снајперисти. Повредени се 52 Срби кои побарале помош во Косовска Митровица, од нив тројца потешко повредени“, кажа Вучиќ.

„Уапсени се четворица Срби, во тек се преговори со Кфор за нивно ослободување. Повредени се 41 припадник на Кфор, најмногу од Италија и Унгарија“, наведе српскиот претседател и изрази надеж дека никој од нив не е животно загрозен.

Тој истакна дека потпретседателот на Српска листа Игор Симиќ го предупредил Кфор дека албанските специјалци во објектите внеле вооружување, снајпери, додека Србите пружале невооружен отпор.

Тој истакна дека сите знаат дека ова се „последици на одлуките на Курти“, но дека Србија нема да дозволи погром или убивање на својот народ.

Тој порача дека Србија ќе направи сè за да го зачува мирот и побара од меѓународната заедница да го заузда Курти.

„Последен пат ја молам меѓународната заедница да го вразуми Курти, не со соопштенија, туку со мерки, ако тоа не го направи се плашам дека за сите нас ќе биде доцна. Распоредивме наши сили на местата каде што мислиме дека е неопходно. Бескрајно ги мочам западните земји да го вразумат своето чедо, бидејќи тоа чедо може да предизвика чудо како никој до сега“, кажа Вучиќ.

Ги повика Србите од Косово и Метохија да не влегуваат во судир со НАТО, не затоа што е уплашен, туку затоа што „тоа е она што Курти најмногу го сака“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ