сабота, 27 јули 2024
Собир „Србија на надежта“

Вучиќ: Мислиме дека ќе има толку многу луѓе што нема да можеме да шетаме, очекуваме колапс

Објавено на

часот

Сподели

„Се извинуваме, тоа го правиме еднаш на четири или пет години. Ќе видиме дали ќе има прошетка, доколку има толку луѓе колку што мислиме дека ќе има, прошетка нема да биде можна, но ќе видиме“, додаде Вучиќ, пренесува Пинк.

Тој вели дека не може да се очекува Србија по оваа средба да биде пообединета.

„Не сакаат да зборуваат, со сила сакаат власт. Нема ништо од таа работа. Нема да ја уништам својата земја. Не им ја дадам Србија на Миливојевиќ, Понош, Бркиќ, Ѓилас додека не ги добијат гласовите на граѓаните, а нема да ги добијат. Србија не е моја, јас сум само дел од неа. Со оваа земја ќе управуваат граѓаните, нивната волја“, истакна Вучиќ.

Тој повторно ги повика луѓето кои биле уценети да не доаѓаат на денешната средба.

„Ќе има илјадници луѓе од Косово. Тоа ми е дополнителна обврска и голем товар, но и голема чест“, додаде Вучиќ.

Зборувајќи за реалити програмите, тој рече дека „разговарал и со сопственикот на Пинк“.

„Го замолив и му кажав дека дел од граѓаните на Србија сметаат дека реалити не е добра работа и дека знам каков е неговиот став, како и на гледачите на Србија кои ја гледаат, но тоа беше моја молба. Го замолив, пред да се разговара во рамките на РЕМ (Регулаторното тело за електронски медиуми) за тоа, да ја разгледа можноста да се укине – дали ќе сака или не, ќе видиме“, изјави тој.

Тој кажа и дека чувствува необичен мир.

„Мојата улога ќе се промени од задутре. Имаме Собрание во Крагуевац, за што ќе зборувам на денешниот собир“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ