сабота, 27 јули 2024

Вучиќ: Легитимитетот на победата на изборите во Србија не зависи од честитката на Фон дер Лаен

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави денес дека легитимитетот на победата на неговата партија на изборите не зависи од тоа дали за тоа му честитала претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Вучиќ кажа дека со Фон дер Лаен во Давос на маргините на Светскиот економски форум разговарал за сите важни прашања за Србија од регионалните односи до планот за раст.

„Ќе ги продолжиме тие разговори во Скопје со присуство на европски и американски функционери. Мислам дека е добро ова што го работиме и ова што ќе го претставиме во сабота (во Скопје) дека ќе добие дополнителна поддршка и сила од европските институции преку различни проекти и значителен дел од парите од страна на Брисел“, наведе тој.

Вучиќ на прашањето дали Фон дер Лаен му честитала за победата на неговата партија на неодамнешните вонредни парламентарни и локални избори во Србија одговори дека претседателката на Европската комисија не би разговарала со него „ако не размислува за тоа како се случуваат нештата или како ќе се случуваат“.

„Што значи тоа, дека изборите ќе ми бидат почесни ако таа ми честитала? Не, изборите беа чесни и беа најчесни и најчисти избори досега и јас сум горд на таа победа“, кажа тој.

Тој додаде дека него воопшто не го интересира што ќе кажат странците и дека го интересира само она за што ќе ја добие почитта од својот народ.

„Уште да го признаам независно Косово јас веднаш би добил Нобелова награда за мир“, истакна Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ