сабота, 27 јули 2024

Вучиќ: Курти сака да биде Зеленски

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на Србија истакна дека тие што го понудија договорот ќе продолжат да ги притискаат и едните и другите, „суштински повеќе нас, тактичко-технички повеќе нив“, односно Приштина.

„Таа игра веќе ја научив. Ние сакаме нормални односи, но тешко е кога некој само сака да ја понижи Србија“, кажа Вучиќ.

Тој додаде дека е важно на преговорите да се покажат сериозност и отвореност, но чувајќи ги своите национални интереси, и дека разговарал со Петар Петковиќ, директорот на Канцеларијата на српската влада за Косово и Метохија, кој денес оди на разговорите во Брисел.

Коментирајќи ги притисоците на Србите на Косово и Метохија во последните денови, Вучиќ истакна дека косовскиот премиер Аљбин Курти упорно избегнува формирање на Заедница на српски општини.

„Тие сакаат конфликт затоа што Курти сака да биде (украинскиот претседател Володимир) Зеленски, а јас да бидам „мал“ (рускиот претседател Владимир) Путин. Ќе продолжат со уште полоша антисрпска политика за да докажат дека нема да формираат ЗСО“, оцени српскиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ