сабота, 21 декември 2024

Вучиќ: Курти нема да сопре со политиката на голема Албанија

Објавено на

часот

Сподели

„Политиката на создавање голема Албанија е процес кој ќе продолжи. (Косовскиот премиер Аљбин) Курти нема да сопре тука, дури и ако му се спротивстават. Кој мисли дека ќе ги убедат во Брисел дека нема да биде наследник на Енвер Хоџа се излажал. Тој ќе продолжи со таа политика“, кажа српскиот претседател.

„Зошто молчи Западот? Нив не ги интересира приказната за голема Албанија, за нив тоа е во ред“, додаде Вучиќ и истакна дека сакаат да ја примораат Србија да ја смени политиката и да ѝ воведе санкции на Русија, оценувајќи дека Белград поради тоа ќе трпи голем притисок, најголем до сега.

„Очекувам бројни проблеми на тоа поле, бидејќи гледате дека Русија не можете да ја победите, а не мислам ни дека Русија може да победи… јасно е тоа. Сега (Западот) мора да го зацврсти фронтот против Русија“, оцени Вучиќ.

Србија, според него, сепак ќе продолжи да води одговорна политика.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ