сабота, 27 јули 2024

Вучиќ: Ќе распишам избори за 17 декември, по барање на опозицијата

Претседателот на Србија Александар Вучиќ најави дека ќе распише избори за 17 декември по, како што кажа, барење на опозицијата.

Објавено на

часот

Сподели

„Им го исполнив барањето, ќе имаат парламентарни, белградски и војводински“, кажа Вучиќ, а пренесува Радиотелевизија Србија.

Одговарајќи на прашањето дали има причина граѓаните да се плашат од војни и санкции, Вучиќ кажа дека граѓаните можат да бидат мирни и спокојни.

Српскиот претседател ги повика претставниците на Србите на Косово во што пократок рок да организираат избори за градоначалници во четирите општини на северот на Косово.

„Би ги замолил нашите луѓе да излезат со иницијативи за што побрза организација на избори во тие четири општини. Тоа е нормално моја молба. Тоа е како јас гледам на нештата. Можеби тие ги гледаат подобро, поинаку, но тоа е мојата молба до нив. Да се излезе на избори што побрзо во четирите општини на северот на Косово“, кажа Вучиќ.

Истакна дека за Србија е важно да продолжи дијалогот „иако Приштина не го сака“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ