понеделник, 21 октомври 2024

Вучиќ: Ќе одиме на намалување на бројот на легално оружје од 90 отсто

Објавено на

часот

Сподели

„Наше е од таа голема трагедија да излеземе обединети и да се обидеме некои проблеми да ги решиме на нешто поинаков начин“, кажа тој во дневникот на Радиотелевизија Србија.

Вучиќ најави дека утре на друга телевизија ќе зборува за политиката.

„Сакате наши оставки: Ќе разговараме. Денес нема тоа да ви го кажам, бидејќи сакам да ги зачувам во деновите пред нас стабилноста и мирот во земјата. Неодговорните луѓе ќе го добијат својот одговор, онаков каков што заслужуваат. Тоа што мислите дека некој се плаши од поднесување оставка и се грижи за не знам што… Горд сум на трудот, резултатите, што се борев за човечките животи, како што сега го преземам на себе товарот, бидејќи знам колку луѓе ќе ме мразат поради одземањето на оружјето, но секоја мајка ќе ме сака. Не мора да ме сака, претерав, но ќе ја почитува таа одлука“, наведе српскиот претседател.

Не сакаше да зборува за оставката на министерот за образование Бранко Ружиќ кој, како што кажа, го известил за одлуката и му пратил порака.

Вучиќ кажа дека разговарал и со премиерката на Србија Ана Брнабиќ, кажувајќи дека до крајот на месецот ќе преземе важни политички чекори.

Според него, до крајот на мај ќе има „интересни политички настани“.

„Пред тоа мораме да ја зачуваме стабилноста на земјата, тоа е основната работа и приоритет. Тоа е суштината. Ние не сме тука за да се грижиме за себе и за своите фотелји, ние сме тука за да ја зачуваме земјата и за Србија да може да оди напред“, истакна тој.

Вучиќ кажа дека се плаши од имитатори, по масовното убиство во училиштето „Владислав Рибникар“ каде 13-годишниот ученик К.К. уби осум ученици на тоа училиште и работник на обезбедувањето.

Тој апелираше до граѓаните да го предадат нерегистрираното оружје, кажувајќи дека нема да има последици ако го направат тоа до 8 јуни, нути ќе бидат прашани за потеклото на оружјето.

Ќе се оди, како што најави, на намалување на бројот на легално оружје од 90 отсто. „Тоа не се однесува на ловците, тоа е поинаква приказна“, додаде, кажувајќи дека се однесува на „кратки цевки кои најчесто се користат во ликвидациите“.

„Нека останат 50.000 луѓе со дозволи, ќе бидат контролирани еднаш годишно. Кога ќе добијат повик, ќе мора да се јават во рок од 48 часа“, кажа Вучиќ.

Истакна дека ќе се зголемат казните за нелегално поседување оружје.

Клучната мерка, како што кажа, е тоа што ќе има полицајци во сите училишта, а ќе биде зголемен и бројот на педагози и психолози.

Проценката е дека полицајците ќе го намалат нивото на врсничко насилство во училиштата за 70 до 80 отсто, наведе српскиот претседател.

Вучиќ кажа дека има „најлошо мислење“ за ријалити програмите, но не може да се каже, како што додаде, кога се зборува за забрана на таквите содржини, „овој еден може, а овој друг не“.

„Криминалците и убијците се сто пати погледани од кое било ријалити. Да ги укинеме социјалните мрежи, да укинеме сè… каде е границата?“, праша тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ