сабота, 21 декември 2024

Вучиќ: Кај некои од нашите соседи амбасадорите одлучуваат и кој ќе вари кафе во владата

Објавено на

часот

Сподели

Коментирајќи го написот на Тајмс во кој соговорниците на британскиот весник го нарекуваат „балкански Ал Капоне“, претседателот на Србија рече дека ова е пример за кампања против него.

„Дојде крајот на Вучиќевото седење на две столчиња, сите ги изневери, но сега е готово, а јас никого не изневерувам ни во еден момент, ниту цело време. На сите им кажувам едно и исто, ние имаме наше српско столче и јас се гордеам со српскиот стол, не ми е гајле за вашите столови, имајте две, пет, десет, не ми е гајле, го сакаме своето столче, не ни го нишајте“, рече Вучиќ.

Вучиќ потоа се осврна на соседите на Србија, велејќи дека во некои земји амбасадорите се прашуваат за сѐ, но не прецизираше на кого се мисли.

„Дали би било добро да сум нечиј слуга и да исполнувам нечии желби и наредби. Мојата политика е независна Србија, да бидеме на патот на ЕУ, но да се грижиме за нашата иднина, нашите деца, а не некој друг да ни одредува на дневна основа која ни е политиката. Погледнете некои земји во опкружувањето, па ним некој им одлучува и кој ќе вари кафе во нивните влади, и тоа ги викаат амбасадорите на некои земји што кај нас не смеат ни да прашаат нешто. Таму се прашуваат за животот и смртта во Србија. Ништо, најдете такви кукли што ќе ги држите на поводник“, рече Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ