сабота, 27 јули 2024

Вучиќ: Јасно е дека Косово нема да ја исполни обврската за ЗСО, дојдовме до ѕид, се надевам на продолжување на разговорите

Објавено на

часот

Сподели

„Би кажал дека сум многу загрижен, бидејќи по клучното прашање, прашањето за формирање на ЗСО, јасно е дека Приштина не сака да ја исполни обврската. Мене ми е јасно, дојдовме до ѕид. Тоа беше јасно од моментот кога беше претставен нацрт статут на ЗСО, кога се обидуваа да ги понижат двете жени кои тоа го читаа, до нивната реакција по тоа, која беше дека тоа за нив е неприфатливо, иако во сите членови на нацртот јасно се повикува на претходно договорените членови“, кажа Вучиќ.

Напомена дека нема ниедна точка во која се спомнува нешто што веќе не е потпишано.

Кога станува збор за ситуацијата по, како што кажа Вучиќ, срамните избори на северот на Косово, Европската Унија тука излегла со свој предлог.

„Јас прифатив, Приштина одби. Мислам дека е многу важно да ја надминеме таа ситуација“, истакна Вучиќ.

„Се надевам дека во следната рунда ќе има реакции на некои други кои би можеле да влијаат на промена на таквите ставови, не сум оптимист, но можам да ветам дека ќе дадеме сè за да ги зачуваме мирот и стабилноста“, порача претседателот на Србија.

Тој додаде дека се надева дека разговорите ќе бидат продолжени и дека во иднина ќе има некаков договор.

„Или ќе се прифати она што е договорено во 2013 и 2015, или е крај на сè. Не сакам да зборувам во име на ЕУ, разбраа тие сè доволно. Не е мое да зборувам во име на Борел и Лајчак. Ги предупредував дека ова ќе се случи од почетокот“, кажа Вучиќ.

Напомена дека „пред да преминеме во иднината“ треба да се исполни она што е договорено во минатото.

„Јас никогаш не се радувам кога нема договор, договор е убав збор. Бидејќи никој од нас четворица не виде можност за договор, се разотидовме“, кажа српскиот претседател.

Вучиќ и Курти усвоија вечерва во Брисел декларација за исчезнатите лица, на состанокот во рамки на новата рунда од дијалогот под покровителство на ЕУ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ