петок, 13 декември 2024

Вучиќ и Курти го продолжуваат дијалогот под покровителство на ЕУ

Објавено на

часот

Сподели

Заедничкиот состанок на Вучиќ, Курти, шефот на дипломатијата на ЕУ Жосеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Мирослав Лајчак ќе почне во 18 часот.

Според најавата на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), на состанокот ќе се зборува за примената на Договорот за патот кон нормализација на односите на Косово и Србија, за која Вучиќ и Курти постигнаа согласност на 18 март во Охрид.

Од страните се очекува да ја усвојат декларацијата за исчезнатите лица, која ќе биде прва точка на дневниот ред, а потоа ќе следи претставувањето и расправата за нацртот на статусот на Заедницата на општини со српско мнозинство на Косово, наведе ЕЕАС.

Страните, се наведува, ќе имаат прилика да разговараат и за актуелните политички прашања, а по завршувањето Борел ќе ѝ се обрати на јавноста.

Денешната рунда на дијалогот следува по новиот раст на тензиите во односите на Белград и Приштина поради организирањето локални избори во четирите општини со српско мнозинство на северот на Косово, на кои излегоа околу 3,5 отсто од гласачите.

Поради одржувањето на тие избори, кои Србите ги бојкотираа, Вучиќ во повеќе наврати остро зборуваше и за косовските власти и за Западот. Повод за острата реторика на српскиот претседател беше и почетокот на процедурата за прием на Косово во Советот на Европа, ден по изборите на северот на Косово.

Функционерите на ЕУ и САД вклучени во процесот на дијалогот очекуваат реално придвижување на денешната средба на Вучиќ и Курти, додека европските аналитичари изнесуваат различни ставови околу тоа прашање. Лајчак вчера кажа дека средбата ќе биде „особено важна“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ