сабота, 27 јули 2024

Вучиќ: И да не се случеше Бањска, тие смислуваат начини како Србија да се натера да го признае таканаречено Косово

Претседателот на Србија Александар Вучиќ за РТС зборуваше за деталите на претстојните разговори во Брисел.

Објавено на

часот

Сподели

Вучиќ и косовскиот премиер Аљбин Курти се повикани на разговори во Брисел кои ќе се одржат на маргините на самитот на лидерите на Европската Унија на крајот на неделата, потврди портпаролот на ЕУ Петер Стано.

„Наместо да ја префрлам вината на други се трудам да ги согледам грешките, некогаш заблудите, некогаш нешто што сум можел да го видам, бидејќи кога ќе го преземете водењето на земја каде 500 илјади луѓе ја загубиле работата, каде јавниот долг расте со страшна брзина, кога секој ден го имате прашањето на Косово и Метохија и каде морате да се грижите за своето население, да се грижите за Србите а знаете какви се притисоците од надвор бидејќи најголемите западни земји се согласија на независност на Косово и Метохија и нема да се откажат од тоа, во такви услови се бавите со големи теми и немате време за потребите на граѓаните. Самиот сум виновен за тоа“, кажа Вучиќ.

Српскиот претседател кажа дека во Брисел ќе има средби со Шарл Мишел, Жосеп Борел и Мирослав Лајчак, како и со Олаф Шолц, Емануел Макрон и Џорџа Мелони.

„Тие ќе бидат шест, јас ќе бидам сам од наша страна. Веќе знам што да очекувам. „Петката“ го донесе својот предлог за Заедницата на српски општини, ние само дадовме свои сугестии. Не можам да откријам детали, но спремни сме да разговараме за тоа“, кажа Вучиќ.

„Ќе се користи Бањска и сè останато за да се обидат да ја изедначат вината, како што беше правено за други нешта на просторот на поранешна Југославија. Но, не мислам дека европските лидери можат да бидат глуви и слепи на обидите на (косовскиот премиер Аљбин) Курти да го скрие фактот дека не сака да ја формира ЗСО“, кажа српскиот лидер.

Додаде дека ситуацијата за Србија е драстично отежната по Бањска, како и од страна на косовските Албанци но и од одредени фактори во меѓународната заедница.

„Дури и кога ништо не знаат, и да не се случеше Бањска, наоѓаат нешто друго. Колку и демек да го осудуваат Курти, тие го признаа „независно Косово“. Тоа никогаш нема да го повлечат“, истакна Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ