сабота, 27 јули 2024

Вучиќ: Го посетив училиштето во кое се случи пукањето. Со ноќи плачев

Објавено на

часот

Сподели

„Јас го посетив училиштето, но немам потреба некому да се правдам. Не водев камери со себе денес, ме видоа без камери. Имаше луѓе од обезбедувањето, беше директорката на училиштето, неколку наставници. Се впишав во книгата на жалоста, го посетив местото на злосторството. Ужасно е, морничава трагедија“, кажа српскиот претседател.

„Но немам потреба да му се правдам некому кој мисли дека има монопол на тагата и болката. Ни да му објаснувам некому дека сум нормален човек бидејќи имам три деца и со ноќи плачев и се борев да донесеме мерки и нешто да смениме“, додаде тој. Истакна дека на сите поединечно им изразил сочувство и дека секој ден расправа за тоа што може да се преземе.

Зборувајќи за потенцијалното затворање на училиштето, Вучиќ тврди дека дел од родителите ја поддржуваат таа идеја, но дека дел од родителите и децата се против тоа. „Поголемиот дел не мислат така, но што и да кажат родителите, ние сме спремни да го направиме. Јас бев шокиран, ги разбирам родителите кои бараат децата да не им одат таму. Мене тоа не ми излегува од глава“, кажа Вучиќ.

Меѓутоа, повтори дека смета дека децата мора да одат во училиште. „Децата мора да продолжат да живеат. Децата тоа некогаш и полесно го надминуваат од возрасните. Постојат стручни лица кои одлучуваат за тоа, а не јас. Она што тие ќе кажат, експертите и родителите, ние тоа ќе го направиме“, кажа Вучиќ.

„Училиштето мора да продолжи, на едно или друго место, кажете и ќе направиме. За нас е важно тоа што почна големата акција на одземање на оружјето“, истакна српскиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ