сабота, 26 октомври 2024

Вучиќ ги повика српските функционери да внимаваат што зборуваат за Македонија

Објавено на

часот

Сподели

„Видов кога Димитар Ковачевски многу силно му реагираше на Албин Курти за она што го направи во Тетово. Многу силно, јавно и отворено и сакам да ги замолам нашите функционери, дури и кога немаат намера, да бидат внимателни, да не им излезе ништо што би можело да биде искористено од страна на некои, за и нас да не направат исти како Курти“, рече Вучиќ за РТС.

Тој посочи дека синоќа долго разговарал со македонскиот премиер Ковачевски и му кажал дека ако било кој во Македонија се чувствува навреден за било што, иако тој лично смета дека нема причина за тоа, тогаш се извинува бидејќи, како што рече, „Македонците се наши браќа и немаме никаков проблем со нив“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ