сабота, 27 јули 2024

Вучиќ: Ако не се формира ЗСО, Србите нема да учествуваат на локалните избори

Објавено на

часот

Сподели

Вучиќ порача дека Србите на Косово нема да учествуваат на локалните избори на 23 април доколку не биде формирана Заедницата на општини со српско мнозинство.

Тој кажа дека неговата идеја била денес да се постигне договор и да се претстават ставовите, но, како што кажа, тоа не било возможно.

„Се договоривме во следните денови да работиме со претставниците на партијата Српска листа и нашите институции и органи на Косово“, кажа Вучиќ по средбата со претставниците на Србите на Косово.

Според него, Србите од северот и југот на Косово покажале значителен гнев кон раководството во Приштина и поради молкот на меѓународната заедница.

„Србите од Косово бараат позначителна и поголема поддршка од државата Србија. Ги ислушав, ги разбрав и се обидов да ја објаснам ситуацијата во која се наоѓаме“, кажа Вучиќ и најави заедничко обраќање до крајот на следната недела.

Додаде дека тие мерки ќе бидат добри, важни и суштински и ќе ги израдуваат Србите на Косово.

„Безбедносните мерки никогаш не можат да бидат лесни“, наведе Вучиќ.

Тој оцени дека апсењето на Србите на северот на Косово претставува обид за „чистење“ на луѓето кои би можеле да ѝ се спротивстават на Приштина.

„Суштината е формирање на Заедницата на српски општини и прекин на загрозувањето на безбедноста на српското население, што косовскиот премиер Аљбин Курти не сака да го направи, бидејќи неговата цел е да се отселат Србите од Косово“, кажа Вучиќ.

Тој кажа дека „нивната единствена желба е да нема Срби на Косово“.

„Тоа нема да се случи, Срби ќе има на Косово, тоа е нивниот дом и татковина“, порача Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ