сабота, 27 јули 2024

Вториот човек на украинските разузнавачи: Се обидуваме да го убиеме Путин

Објавено на

часот

Сподели

Вадим Скибитски, заменик шефот на украинските воени разузнавачи, ова го призна во интервју за германски Велт.

„Путин гледа дека сме сè поблиску и поблиску, но исто така се плаши дека ќе го убие сопствениот народ. Многу луѓе во Русија сè уште ја поддржуваат оваа „специјална операција“, но благодарение на социјалните мрежи и телефонските проверки, знаеме дека Русите се исплашени бидејќи многу нивни соработници загинаа“, тврди Скибитски.

Тој кажа дека украинските шпиони се обидуваат да го убијат и шефот на Вагнер групата Евгениј Пригожин.

„Нашиот приоритет е да се елиминира командантот на единицата кој им наредува на своите луѓе да нападнат. Се обидуваме да го убиеме Пригожин. Путин е на врвот на украинската листа за отстрел. Тој е број еден бидејќи координира и одлучува што ќе се случи. На крајот секој ќе одговара за своите постапки, како рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу. Тој го планираше нападот на Украина“, кажа Скибитски.

На прашањето дали пропагандистите, олигарсите и цивилите исто така ќе се сметаат за валидни мети, Скибитски одговори: „Ние сме во војна и тоа се наши непријатели. Ако важна личност произведува и финансира оружје за Русија, тогаш елиминацијата на таа личност би спасила животи на многу цивили. Според меѓународните конвенции, тоа е легитимна цел“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ