сабота, 27 јули 2024

Втора трка, втора победа за Ферстапен

Ништо ново во Формула 1, актуелниот шампион Макс Ферстапен доминантно ја почна и оваа сезона откако прв ја заврши и трката за Големата награда на Саудиска Арабија во Џеда.

Објавено на

часот

Сподели

Исто како и на првата трка, и денеска во Саудиска Арабија Ред Бул славеше еден-два победа, Ферстапен заврши прв, пред неговиот клупски колега Серхио Перез.

Ова беше 56. победа за Ферстапен и вкупно 100. подиум во кариерата.

Место на денешниот подиум имаше и за Леклер од Ферари кој заврши на третото место.

Вториот возчат на Ферари, Беарман кој денеска возеше на местото од Саинц, трката ја заврши на седмото место.

Во топ десет завршија уште и Пиастри, Алонсо, Расел, Норис, Хамилтон и Хулкенберг.

Следна трка од сезоната е на 24. март кога се вози Големата награда на Австралија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ