понеделник, 21 октомври 2024

Втора средба „Беломорски видувања“

Објавено на

часот

Сподели

Во име на домаќините собирот го поздрави Сотир Лукровски, претседател на В’мбел Егеј и координатор на сите здруженија на Македонците по потекло од Егејскиот дел на Македонија. Беломорците се обединети како никогаш досега во борбата за човечки правдини.

„Со самото наше собирање кога повторно е на атак Македонија и Македонците, јасни се нашите барања, човекови правдини, право на јазик, да можеме да зборуваме на нашиот јазик, да ја негуваме нашата култура и обичаи“, рече Лукровски. 

Централната манифестација по повод 75-годишнината е закажана за на 1 јули пред споменикот на Децата бегалци и со академија за егзодусот на насилно прогонетите Македоници од Егејскиот дел во МАНУ. Преку овие манифестации здруженијата ќе ги повторат своите барања.

Сведоштво за една голгота низ која поминал нашиот народ. Да не се повтори. Да бидеме мудри и сплотени, изјави Мицкоски.

б

Нашите пораки се едноставни, протераните Македонци да не бидат одвоени од нашата Македонија, да бидеме едно скупче народ, тоа се нашите желби, вели Стојан Димков, претседател на Здруженија „Мирка Гинева“ од Штип. 

Во забавниот дел меѓу мноштвото учесници и нашите естрадни звезди Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски, ансамбал Јонче Христовски и други.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ