Дејството во втората сезона во голем дел се одвива во 1878 година кога и настануваат гревовите на главните јунаци кои потоа ги следат низ вечност. За некои и самите се виновни, а некои се последици на гревовите на нивните предци, чиј крст се носи довека.
Во современиот дел од приказната, серијата нè запознава со популарниот пејач Локи, чии љубопитност и желба да се „меша“ во судбината го воведуваат во голема неволја. И додека Локи ја плаќа цената на своите желби, но и лесномисленост инспекторот Раде е фокусиран на истрагата на претходните убиства на естрадата кои за жал не завршуваат бидејќи има и нови жртви.
Само еден човек може да му помогне, но него никаде го нема – Бојан. Во потрага по одговори Раде ќе биде принуден да се соочи со сопствените демони.
Ова е само мал дел од мистичните и интригантни случувања во „Пејачка“. Серијата во целост може да ја следните од 19 декември на Суперстар каналот со почеток од 21 часот.
Суперстар каналите се дел од понуда на телекомуникацискиот оператор МТЕЛ преку пакетите за стриминг платформата Move TV или сателитската телевизија mSAT TV.