четврток, 26 декември 2024
Конвенција на претседателскиот кандидат на СДСМ

Вртев: Стево, повтори го мандатот

Познатиот рок музичар и основач на култниот бенд Архангел, Ристо Вртев, вечерва на конвенцијата на претседателскиот кандидат на коалицијата на СДСМ, Стево Пендаровски, седеше во првиот ред веднаш до брачниот пар Пендаровски. Во своето обраќање пред повеќеилјадните присутни во салата Борис Трајковски, Вртев рече дека актуелниот претседател има повеќе фанови од него и му порача: „Стево, повтори го мандатот“.

Објавено на

часот

Сподели

Обраќањето на Ристо Вртев беше кусо и повеќе пати прекинувано со аплаузи.

„Претседателе, имате многу фанови, повеќе од мене, Кога би правел фото робот како изгледа современ, храбар, одговорен и сериозен претседател, тоа би бил Стево Пендаровски.

Имаме две опасни воени жаришта кои не се така далеку од нас. Пендаровски е стручен во областа на меѓународната безбедност и сметам дека немаме подобар кандидат за претседател од него. Особено затоа што најдов податок дека Пендаровски е стручен и за улогата на малите држави во меѓународното право. Нашата држава е мала, но со големо срце. Нашето место е во Европа па му велам на Стево дека сите што мислиме дека нашето место е во европското семејство на народите, сметаме и порачуваме – повтори го мандатот“, рече Вртев.

Инаку, Вртев во јануари од претседателот на Македонија беше одликуван со Орден за заслуги за Република Северна Македонија за непроценливото и за трајното значење во современата македонска култура и уметност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ