Ниските утрински температури беа во границите на издржливост за културите.
„Ова е период кога почнува садењето на ранoградинарските култури. Тука спаѓаат некои листостеблени, коренови и лукови зеленчукови култури, а поголем дел од нив се отпорни на ниски температури. Раниот компир се сади по можност кога температурата на почвата на длабочина 10 сантиметри е околу 7-8 степени. Морковот е доста отпорен на ниски температури. Семето рти на 3-4 степени, младите растенија издржуваат мраз и температура до -4 степени. Повеќето се одгледуваат во пластеници и тунели. Исто и спанаќот е студоотпорно растение, добро вкоренети растенија издржуваат -10 степени“, објаснуваат агрометеоролозите.
Според нив, ако почвените услови дозволуваат, земјоделските производители треба да продолжат со грижа за посевите, со подготовка на почвата за рано пролетно садење на некои градинарски култури, со внесување на потребните ѓубрива, како и со примена на сите потребни земјоделски активности и агротехнички мерки.