петок, 18 октомври 2024

Врнежите го зголемија нивото на Охридското Езеро

Последните интензивни врнежи во регионот го зголемија водотоците и го подобрија водостојот на Охридското Езеро, така што моментално нивото на водата во езерото е на пет сантиметри над просекот за овој период од годината.

Објавено на

часот

Сподели

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, нивото на езерото се наоѓа на котата 693,37 метри надморска височина, што е  пет сантиметри над просекот за декември (693,32 мнв) и 27 сантиметри над минимално дозволеното ниво (693,10мнв).

Од почетокот на месецов езерското ниво порасна за четири сантиметри. Температурата на водата е 9 степени и е за речиси 4 степени пониска од декемврискиот просек.

Инаку, времето е сончево, а периодот во карактеризираат температури на воздухот далеку над просекот за овој период од годината.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ