вторник, 22 октомври 2024
Полицијата со полни раце работа вчера и ноќеска по полноќ

Врие од дрога низ скопските улици, меѓу приведните дилери има и дете

Марихуана, бела прашкаста материја, грутческа материја, боксирач… се дел од најдените работи шна неколку локации во Скопје, а меѓу приведените има и дете. Полни раце работа имаше полицијата во текот на вчерашниот ден, а и денес нешто по полноќ кога на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.П.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера во 21.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Н.(31) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја.

Истиот ден наутро во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода О.А.(20) од Косово, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана

Околу  20.10 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.С.(46) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.

На подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и боксирач.

Во 12.50 часот во с.Глумово, Скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.А.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случаите од МВР информираат дека ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ