среда, 23 октомври 2024

Врховниот суд на САД одби да се одложи изрекувањето на казната на Трамп во случајот на тајната исплата

Врховниот суд на Соединетите Американски Држави го отфрли барањето на државата Мисури да го одложи изрекувањето на казната на поранешниот претседател Доналд Трамп за неговата осуда во Њујорк по обвинувањата за кривични дела кои вклучуваа тајна исплата на пари на порно ѕвезда.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката на судиите е донесена како одговор на тужбата на Мисури во која се тврди дека случајот против Трамп го нарушил правото на гласачите според Уставот на САД да го сослушаат републиканскиот претседателски кандидат додека тој настојува да се врати во Белата куќа.

Трамп во мај беше прогласен за виновен за фалсификување деловни записи за да прикрие исплата од 130.000 долари на порно ѕвездата Сторми Дениелс пред изборите во 2016 во замена за нејзино молчење за сексуалниот контакт за кој тврдеше дека го имала со Трамп пред повеќе години.

Обвинителите кажаа дека исплата била смислена за да ги зголеми шансите на Трамп на изборите во 2016, кога ја победи кандидатката на демократите Хилари Клинтон.

Трамп, републикански кандидат на годинешните избори, негира дека имал сексуален однос со Дениелс и вети дека ќе вложи жалба на осудувачката пресуда по изрекувањето на пресудата, закажана за септември.

Правните спорови меѓу државите се поднесуваат директно во Врховниот суд.

Обвинителот на Мисури тврди дека кривичната постапка против Трамп го прекршила правото на жителите на Мисури според првиот амандман на уставот да „го слушнат и да гласаат за својот омилен претседателски кандидат“.

„Наместо да ги пуштат претседателските кандидати да водат кампања врз основа на сопствените заслуги, радикалните прогресивци во Њујорк се обидуваат да ги наместат изборите во 2024 со тоа што директно го напаѓаат нашиот демократски процес“, кажа обвинителот на Мисури.

Трамп се соочува и со федерални и државни кривични пријави кои ги вклучуваат неговите наводни напори да го поништи поразот на изборите во 2020 од Џо Бајден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ