петок, 13 декември 2024

Врховниот суд на САД го прифати барањето да одлучува за имунитетот на Трамп

Врховниот суд на САД го прифати барањето да одлучува дали поранешниот претседател Доналд Трамп има имунитет од кривично гонење по обвиненијата за обид за поништување на изборите во 2020 година.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Судот наведе дека ќе ги сослуша аргументите и ќе донесе одлука за Трамповото барање за имунитет.

Во налогот се наведува дека судот ќе започне со разгледување на барањето, чие решавање може да потрае со месеци, во неделата што започнува на 22 април.

Од деветте врховни судии, шест се конзервативци. Ова е првпат судот да одлучи да разгледува ваков случај.

Апелациониот суд во САД веќе го отфрли аргументот на Трамп дека е заштитен со претседателски имунитет.

Трамп тврди дека има имунитет од сите обвиненија за кривични дела за кои рече дека се дел од должностите на претседателот. Но, судот едногласно пресуди против него.

„Не можеме да го прифатиме тврдењето на поранешниот претседател Трамп дека претседателот има неограничена моќ да врши злосторства што би ја неутрализирале најфундаменталната контрола на извршната власт – признавањето и спроведувањето на изборните резултати“, рече судот.

Трамп се жалеше до Врховниот суд и побара одлуката да се стави во мирување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ